Хавана: Кастро добро заздравува

Претседателот на Куба Фидел Кастро добро заздравува од операцијата на стомакот изврпена пред неколку месеци и се очекува тој наскоро повторно да ја преземе власта. Ова синоќа во Хавана го изјави претседателот на кубанското собрание Рикардо Аларкон. Осумдесет годишниот Кастро кој е на власт од илјада деветстотини пеесет и деветата година должноста му ја предаде на неговиот помал брат Раул во јули кога поради проблеми во стомакот мораше да биде опериран.