Москва: Продолжуваат разговорите на главниот ирански преговарач за нуклеарната програма Лариџани

Главниот ирански преговарач Али Лариџани денеска во Москва ги продолжи разговорите со руските претставници околу нуклеарната програма на неговата земја. Лариџани, кој вчера се состана со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и со шефот на рускиот совет за безбедност Игор Иванов предупреди дека Иран би можело да ги раскине врските со Меѓународната агенција за атомска енергија.
Палестинскиот премиер Исмаил Ханија изјави дека би поднесол оставка доколку тоа придонесе за завршување на бојкотот на меѓународната хуманитарна помош за палестинците. Ханија ова го рече по разговорите со претседателот на палестинската власт Махмуд Абас за формирање на заедничка влада меѓу владејачкиот Хамас и опозициониот Ал Фатах.