Брисел: Парафирана спогодбата за проширување на ЦЕФТА

Преставници на Македонија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Молдавија, Црна Гора, Романија и Косово синоќа во Брисел ја парафираа спогодбата за проширување на ЦЕФТА која треба да профункционира од следното лето. Договорот не е потпишан од Србија која бара царинска заштита на својот тутунски пазар и Босна која инсистира на заштита на некои земјоделски производи. Проблемот треба да се реши до 19 декември кога во Букурешт свечено ке биде потпишан договорот.