Белград: Претседателот Борис Тадиќ ги распиша предвремените парламентарни избори

Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска ги распиша предвремените парламентарни избори во Србија на 21 јануари 2007 година. Претходно изутрината Парламентот прогласи закон за спроведување на новиот Устав со што се отвори патот за закажување на изборите. Од друга страна, претседателските, покраинските и локаните избори треба да се распишат до 31 декември 2007 Покраинските избори се поврзани со законите со кои се утврдува територијалната организација на Србија во чии рамки според усвоениот Устав, Косово е интегрален дел на Србија. Претседателот Тадиќ изјави дека независноста на Косово би го дестабилизирало регионот не само Србија на подолго време. Тој изјави дека очекува оти контакт групата за Косово ќе ја продолжи политиката на преговори.