Багдад: Најмалку шест лица загинати во експлозија на автомобил бомба

Во денешната експлозија на автомобил бомба во центарот на Багдад загинале најмалку шест лица, додека скоро триесет биле повредени, соопшти ирачката полиција. Засега не е јасно која била целта на нападот во тој дел на градот каде што живеат и сунити и шиити.