Вашингтон: Планираниот референдум за независност на Јужна Осетија ќе ги интензивира тензиите

Соединетите Држави оценија дека планираниот референдум за независност на Јужна Осетија ќе ги интензивира тензиите во таа грузиска област и ќе ги намали шансите за мирно решение на кризата. ,,Вашингтон го поддржува територијалниот интегритет на Грузија во кој Јужна Осетија има значајна автономија,, изјави портпаролот на Стејт Департментот Шон Меккормак.