Најроби: Конференција на ОН посветена на борбата против глобалното затоплување

Денеска во Најроби започна десетдневна конференција на Обединетите нации, посветена на борбата против глобалното затоплување. На состанокот учествуваат шест илјади делегати од сто осумдесет и девет земји кои ќе дискутираат за натамошните заеднички напори во спречувањето на емитувањето на штетни гасови во атмосферата што го предизвикуваат глобалното затоплување.