Скопје: Вонреден конгрес на СДСМ

Опозициониот Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска на вонреден конгрес избира нов партиски лидер и раководтво. Единствен кандидат за наследник на досегашниот лидер и екс премиер Владо Бучковски е Радмила Шеќеринска.
Претходно предложените противкандидати Благој Ханџиски, Илинка Митрева и Андреј Петров ги откажаа кандидатурите. На Конгресот треба да биде избран и новиот генерален секретар на партијата, за која позиција се кандидирани Љупчо Јордановски поранешен претседател на Парламентот и Горан Минчев претседател на огранокот на партијата во општина Бутел. На Конгресот ќе присуствуваат околу 620 делегати. Вонредниот конгрес на СДСМ се одржува еден месец по Конвенцијата, на која Бучковски не ја доби довербата од делегатите.