Вашингтон: Победата на Демократите на изборите за Конгресот сигнал за екстремистите во Ирак

Американскиот потпретседател Дик Чејни оцени дека победата на Демократите на изборите за Конгресот, што ќе се одржат во вторник, ќе биде знак за екстремистите во Ирак дека имаат добра стратегија. Демократите се против војната во Ирак.