Москва: Газпром бара двојно зголемување на цената на гасот за Грузија

Руската државна компанија Газпром побарала двојно зголемување на цената на гасот за Грузија, или приближно колку што плаќаат европските држави. Властите во Грузија соопштија дека досега не добиле такво барање официјално. Односите меѓу Русија и Грузија се тензични по шпионската афера во септември.