Багдад: Двајца американски војници загинаа во Ирак

Двајца американски војници загинале денеска во Ирак, со што бројот на американските жртви во овој месец изнесува сто и три војници. Американската команда во Багдад соопшти дека во Ирак сега имало над сто и пеесет илјади американски војници. Се наведува дека американскиот контингет бил засилен поради редовната ротација на единиците.