Лондон: Климатските промени сериозна закана за глобалната економија

Климатските промени во светот се сериозна закана за глобалната економија, а штетите би можеле да бидат поголеми од сите војни во 20-тиот век. Ова, меѓу другото, е заклучокот во студијата од 700 страници, нарачана од британската влада. Премиерот Тони Блер изјави дека ова е најважен извештај за иднината што го примил откако е премиер. Битката со климатките промени, според студијата, ќе чини околу 1 насто од глобалниот бруто домашен производ.