Авганистан: Убиени 80 исламски милитанти во напад на терористички тренинг камп

Околу 80 исламски милитанти биле убиени во нападот на пакистански воени хеликоптери врз еден терористички тренинг центар, поврзан со Ал Каеда во близина на границата со Авганистан. Претставник на пакистанската војска соопшти дека станува збор за верско училиште на околу 200 километри северо-западно од Исламабад, кое било користено како камп за обука на терористи и оти во моментот на нападот во него немало никој од познатите талибански лидери.