Каиро: Египет испрати засилување на границата со Газа

Египет распореди околу 5.000 дополнителни припадници на силите за безбедност во близина на границата со Појасот Газа, по извештаите во израелските медиуми дека се планира бомбардирање на подземните тунели за кои постои сомневање дека служат за шверц со оружје на палестинските територии, соопштија официјални претставници во Каиро. Силите се распоредуваат поради страв од последиците кои бомбардирањето може да ги има на околу 20.000 цивили кои живеат на египетската страна на границата.