Софија: Втор круг претседателски избори во Бугарија

Во Бугарија се одржува втор круг од претседателските избори, во кој противкандидати се актуелниот шеф на државата Георги Прванов и лидерот на националистичката партија Атака, Волен Сидеров. Во првиот круг, кој се одржа минатата недела, Прванов освои речиси две третини од гласовите (64 отсто), а Сидоров 21 отсто, но поради слабиот одѕив изборите имаат и втор круг.