Боливија: Потпишани договори со Тотал и Винтаџ за експлоатација на нафтените ресурси

Боливија потпиша два нови договора со две странски нафтени компании за експлоатација на нејзините природни ресорси. Договорите се потпишани со француската Тотал и американската Винтаџ. Другите компании требаше до синоќа на полноќ да потпишат договори или да ја напуштат земјата. Договорите се резултат на национализацијата на нафтената индистрија што ја воведе претседателот Ево Моралес во Мај годинава за да има државна контрола и поголема добивка од профитот.