Белград: Во Србија денеска и утре референдум за новиот Устав

Во Србија денеска започна дво дневен референдум за новиот Устав кој ќе ја замени верзијата од 1990 година од времето на Слободан Милошевиќ. Во предложениот документ Косово, околу кое Белград и Приштина водат преговори за идниот статус, се декларира како интегрален дел на Србија. Критичарите велат дека владата и премногу ставила прст врз судството во земјата и дека има премалку автономија за северната провинција Војводина. Главните политички партии во Србија повикаа на подршка на Уставот. Радикалите ја истакнуваат судбината на Косово. Центристите сметаат дека акцентот е ставен врз човековите права и европските вредности а за либералите предложениот Устав е несигурен и по националистички. Се гласа и на Косово. Унмик соопшти дека не го подржува, но оти и нема да го попречува референдумот.