Минск: Белорускиот опозиционен лидер Александар Милинкиевич добитник на годинешната награда Сахаров

Белорускиот опозиционен лидер Александар Милинкиевич е добитник на годинешната награда Сахаров, што ја доделува Европската Унија како највисоко признание за достигнувања на полето на човековите права. Во образложението на Европскиот парламент се вели дека Милинкиевич е награден за борбата за демократија во Белорусија.