Пекинг: Потпишани 14 економски договори меѓу Кина и Франција

Кина и Франција денеска во Пекинг потпишаа 14 економски договори, меѓу кои најзначајниот е кинеската нарачка на 150 авиони од типот ербас. На заедничката прес конференција со кинескиот претседател Ху Џинтао, францускиот лидер Жак Ширак ја повика Европската Унија да го укине ембаргото за извоз на оружје во Кина. Двајцата претседатели изразија загриженост од северно-корејската нуклеарна проба, залагајки се проблемот да биде надминат со дипломатија. Ширак и Џинтао го повикаа и Иран да прекине со збогатувањето ураиум.