Москва: Преговорите за Северна Кореа во ќор сокак, изјави Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека некои земји кои учествуваат во шестпартитните преговори за сверенокорејската нуклеарна прогама го довеле процесот во ќор сокак. Путин кој денеска на националната телевизија во живо одговараше на прашања на граѓаните, рече дека овие преговори би требало да продолжат. Тој исто така изјави дека според рускиот устав не смее по трет пат да се кандидира за шеф на државата, но додаде дека очекува да задржи извесно политичко влијание во земјата и откако ќе ја напушти функцијата во две илјади и осмата година.