Њујорк: Подршка за резолуцијата за контрола на трговијата со оружје

Група добитници на нобеловата награда за мир апелираа до членките на Обединетите Нации да ја подржат нацрт резолуцијата за контрола на меѓународната трговија со оружје. Во апелот се вели дека мора да биде прекинат неодговорниот извоз на оружје. Резолуцијата ја предложија Велика Британија, Јапонија, Аргентина, Австралија, Финска и Костарика.