Прага: Дводневен Енергетски форум во организација на Радио Слободна Европа

Чешкиот премиер Мирек Тополанек денеска во Прага побара од Европската Унија да продолжи да ја намалува нејзината зависност од нафта и гас од Русија. На Енергетскиот Форум што е организиран од Радио Слободна Европа Тополанек изјави дека Русија ја користи енергијата како средство за постигнување на своите геополитички цели. Тој оцени дека новите нуклеарни технологии се иднината на Европа. На дводневниот форум во Прага учествуваат водечки експерти од целиот свет.