Рим: Над 400 нелегални имигранти од Северна Африка пристигнаа на италијански остров

Над 400 нелегални имигранти од Северна Африка денеска пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза, соопштија италијанските власти. Еден од имигрантите, заради лошите услови во бротчето со кое патувале, испратил сигнал за помош по мобилен телефон до локалното крајбрежно обезбедување. Помеѓу бегалците има жени и деца, а се претпоставува дека бротчето доаѓало од либиското крајбрежје.