Скопје: Пронајдено мртво тело на скопјанка

Труп на безживотно женско тело пронајдено е утринава во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Утринава, во шест часот, на булевар „Војводина“, во близина на железничката пруга, било пронајдено безживотното тело на Сандра К.(37) од Скопје, која претходниот ден била пријавена за изчезната,се наведува во соопштението. Екипи на полицијата изврши увид на местото на настанот, по што телото е предадено на обдукција заради утврдување на причините за смртта.