Лахти: Лидерите на ЕУ и Русија не ги усогласија разликите околу енергетската соработка

На синоќешната работна вечера во финското место Лахти лидерите на Европската Унија и рускиот претседател Владимир Путин не успеале да ги усогласат разликите околу енергетската соработка. На прес конференцијата по вечерата, двете страни ги задржаа добропознатите позиции: Унијата бара отворање на рускиот енергетски пазар за странски фирми, додека Москва, партнерска соработка со Европа. На прес конференцијата Путин предупреди дека на Грузија и се заканува крвопролевање доколку се обиде да ја преземе контролата врз сепаратистичките региони Абхазија и Јужна Осетија.