Москва: Посета на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска престојува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин околу севернокорејската нуклеарна програма. Рајс вчера престојуваше во Пекинг каде што од кинеските власти побара целосна примена на санкциите против Северна Кореа воведени поради тоа што таа извела нуклеарна проба.