Виена: Ахтисари ќе ги претстави првичните идеи за решавање на косовскиот проблем

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации за статусот на Косово Марти Ахтисари денеска во Виена пред Контакт групата ќе ги претстави првичните негови идеи за решавање на проблемот. Се наведува дека до овој состанок доаѓа по барање од Ахтисари кој сакал да размени мислења со членките на Контакт групата за некои негови идеи. Контакт групата неодамна оцени дека треба да се вложат сите напори за да се изнајде спогодбено решение до крајот на годинава.