Сеул: Посета на Кондолиза Рајс на Јужна Кореа

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска е во Сеул последна земја од нејзината дипломатска мисија за подршка на санкциите против Северна Кореја поради нејзиниот нуклеарен тест. Рајс го уверила јужно корејскиот министер за надворешни работи Бан Ки Мун дека Соединетите држави се посветени да ја одбранат Сееверна Кореја од заканата од Северот. Тие разговарале и за начините како да се убедат другите земји да ги почитуваат санкциите на Советот за безбедност кон Северна Кореја. Американскиот претседател Џорџ Буш, во меѓувреме ја предупреди Северна Кореја дека ќе се соочи со страшни последици доколку се обиде да прададе нуклеарно оружје.