Њујорк: Венецуела не се откажува од местото во Советот за безбедност на ОН

Венецуела не се откажува од своето место во Советот за безбедност на Обединетите Нации и покрај тоа што и по 22 гласања ниеднаш не доби мнозинство. Но и против кандидатот за тоа место, Гватемала, не може да го добие потребното дво-третинско мнозинство, па гласањето во Генералното Собрание, по денешната пауза, ќе продолжи утре.