Москва: Истекува рокот за регистрирање на странски невладини организации

Денеска истекува рокот до кога странските невладини организации во Русија треба да се регистрираат или ќе се соочат со затворање. Русија во април годинава ги заостри правилата за дејствување на странските невладини организации во земјата, со оценка дека некои од нив работат под диктат на странски влади. Се проценува дека во Русија има околу 500 такви организации, а само 80 се регистрирани.