Токио: Посета на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс пристигна денеска во Токио каде што разговараше со јапонскиот министер за надворешни работи Таро Асо, а утре ќе има средба и со премиерот Шинзо Абе. Главна тема е примената на меѓународните санкции против Северна Кореја поради нуклеарниот тест. Рајс изјави дека Вашингтон настојува да ги смири тензиите и ото не планира напад врз Северна Кореја. По Јапонија, Рајс ќе ги посети и Јужна Кореја, Кина и Русија.