Пјонгјанг: Резолуцијата на ОН оценета како објава на војна

Северна Кореја ја оцени како објава на војна резолуцијата на Советот за Безбедност на ОН со која против Пјонгјанг се воведуваат санкции поради извршената нуклеарна проба. Северно-корејското министерство соопшти дека одговорот ќе биде немилосрден против секоја земја која би го загрозила нејзиниот суверенитет. Овие коментари доаѓаат заедно со извештаите дека Северна Кореја се подготвува да изврши уште една нуклеарна проба. Кина во меѓувреме ја повика Северна Кореја да не ги крева тензиите и проблемот да го реши со дијалог.