Кабул: Најмалку три лица повредени при експлозија на на автомобил бомба

Во денешната експлозија на автомобил бомба во авганистанскиот главен град Кабул, како што јавуваат агенциите, биле повредени намалку три лица. Полицијата прецизира дека станува збор за самоубиствен напад. Имено, возачот на автомобилот ја активирал бомбата во моментот кога бил запрен од полицајците пред меѓународниот аеродром во Кабул.