Атина: Земјотрес од четири степени сопред Рихтер

Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала денска беше почувствуван во Атина, информира Институтот по геодинамика на Атинската обсерваторија. Нема информации за материјални штети. Епицентарот на земјотресот, кој бил регистриран во 16.46 часот по локално време, бил на 20 километри источно од грчкиот главен град.