Багдад: Убиен ирачки новинар

Еден ирачки новинар, кој работел за државната телевизија, бил убиен во јужниот дел на Багдад. Тој во близина на неговиот дом разговарал на улица со некој пријател, кога бил застрелан од возило во движење. Во меѓувреме, ирачаката полиција соопшти дека во едно село близина на Багдад биле убиени 10 лица од исто семејство, од кои 5 жени и 3 деца.