Вашингтон: Соединетите држави ќе работат на создавање палестинска држава, изјави Кондолиза Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Соединетите Држави ќе работат за создавање палестинска држава, ослободена од секојдневното понижување од израелската окупација. Зборувајки на собирот на американците од палестинско потекло во Вашингтон, Рајс изјави дека е убедена оти ќе се оствари целта за палестинска држава во која луѓето ќе живеат во мир со соседен Израел.