Њујорк: Советот за безбедност денеска гласа за нов генерален секретар на ОН

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе гласа за нов генерален секретар на светската организација, кој ќе го замени Кофи Анан, чиј мандат истекува на крајот од оваа година. Речиси сигурен кандидат е јужно-корејскиот министер за надворешни работи Бан Ки Мун. Предлогот на Советот за безбедност потоа оди на гласање во генералното собрание на Обединетите Нации.