Брисел: На локалните избори во Белгија најмногу гласови доби Фламанската десничарска партија

На вчерашните локални избори во Белгија, најмногу гласови, околу 33 насто, доби Фламанската крајно десничарска партија, со што ја освои власта во повеќе градови во северниот дел на земјата. Оваа партија често ги обвинува белгиските франкофонски политичари за лошо справување со имиграцијата и со криминалот.