Варшава: Политичка криза во Полска

Ривалските демонстрации во Варшава имаат за цел да ја подржат опозицијата од една страна и владата од друга во кавгата дали да се одржат предвремени избори. Премиерот Јарослав Качински бара начин за ново мнозинство во парламентот откако левичарите ја напуштија неговата влада, додека опозицијата смета дека предвремени избори се единствен излез од ќорсокакот. Политичките неприлики во Полска следат по насилните анти владини протести во Унгарија испровоцирани со снимките на кои премиерот Ференц Ѓурчањи изјави дека лажел за економската состојба за да победи на изборите. Ѓурчањи вчера ја доби подршката на парламентот во Будимпешта, а се најавува дека протестите во Унгарија и натаму продолжуваат.