Токио: Јапонија и Јужна Кореја се противат на намерата на Северна Кореја да тестира нуклеарно оружје

Јапонија и Јужна Кореја го подржаа повикот на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, Северна Кореја да не тестира нуклеарно оружје. Во меѓувреме, агенциите јавија дека северно корејски војници навлегле во демилитаризираната зона, но по предупредувачкиот оган на јужно корејските гранични трупи се повлекле назад.