Бриндизи: Грабнувачот на турскиот авион се предал на полицијата

Заложничката драма со турскиот авион кој вчера беше грабнат на летот Тирана Истанбул заврши откако грабнувачот им се предал на полицијата во италијанскот град Бриндизи каде што слетал авионот. Станува збор за турски државјанин кој ја сменил муслиманската со христијанска вера и кој барал помош од папата Бенедикт за да го одбегне служењето војска во Турција. Никој од сто тринаесете патници и членови на екипажот не бил повреден.