Белград: Едногласно усвоен Уставот на Србија

Српскиот парламент синока едногласно го усвои уставот на Србија во кој Косово е дефинирано како составен дел на Србија со суштинска автономија. Референдумот на кој ке треба да се потврди новиот устав ке се одржи на 28 и 29 октомври. Претседателот Борис Тадич ги повика граганите да излезат и да гласаат на референдумот за да се потврди уставот. Веднаш по усвојувањето на уставот светските агенции објавувајки ја веста оценија дека основната цел на документот е да се потврди дека Косово е дел од Србија.