Вашингтон: Белата Куќа ги отфрли обвинувањата дека криела информации за степенот на насилствата во И

Американската Бела Куќа ги отфрли обвинувањата дека криела информации за степенот на насилството во Ирак. Вакви обвинувања се содржани во новата книга на познатиот американски новинар Боб Вудворд. Имено, тој наведува дека на секои петнаесет минути има по еден напад врз американските војници во Ирак. Вудворд стана славен по неговите написи за скандалот Вотергјет пред три децении поради што тогашниот американски претседател Рирад Никсон беше принуден да поднесе оставка.