Бразил: Авион на компанијата Гол исчезна над прашумите во Амазонија

Авион на бразилската компанија Гол со пеесет и пет патници и членови на екипажот синоќа исчезнал над прашумите во Амазонија, јавуваат агенциите, прецизирајќи дека авионот летал од Бразилија кон Манаус во Амазон. Потрагата по леталото е во тек, а според некои информации, тој претходно се судрил со помал авион кој потоа побарал итно да слета на најблискиот аеродром. Бразилските власти кои потврдија дека имало такво барање, сепак не можат со сигурност да кажат дека дошло да судир пред исчезнувањето на патничкиот авион.