Багдад: Двајца ирачки војници загинале во самоубиствен напад

Двајца ирачки војници загинале, а уште десетина други биле ранети во денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба врз еден контролен пункт во Багдад, соопшти ирачката полиција. До нападот дојде откако сојузничките сили соопштија дека ја завршиле акцијата за чистење на екстремистите во Багдад. Претходно ирачката полиција соопшти дека во изминативе дваесет и четири часа во Багдад пронашла тела на четириест луѓе кои најверојатно биле жртви на верско насилство.