Москва: Отфрлена можноста на Путин да му се дозволи по трет пат да се кандидира за претседател

Руската Централна Изборна Комисија денеска ја отфрли можноста на претседателот Владимир Путин да му биде овозможено и по трет пат да се кандидира за таа функција. Изборната комисија во Северна Осетија упати барање за одржување референдум за ова прашање, но централната комисија во Москва образложи дека според Уставот, функцијата претседател на Русија може да се извршува најмногу два мандата. И Путин неодамна изјави дека нема намера да се кандидира по трет пат.