Париз: Средба Ширак – Меркел - Путин

Лидерите на Русија, Франција и Германија, Владимир Путин, Жак Ширак и Ангела Меркел, денеска во близина на Париз одржуваат состанок, посветен на меѓусебните односи, како и на иранската нуклеарна програма и ситуацијата на Блискиот исток. Најавени се разговори и за соработката меѓу Русија и Европската Унија во енергетскиот сектор.