Свет: Светските воени трошоци го надминаа рекордот од времето на Студената војна

Меѓународната хуманитарна агенција Оксфем соопшти дека вкупните воени трошоци во светот за ова година ќе бидат над еден трилион долари, што е повеќе од рекордот забележан за време на Студената војна. Воените трошоци и конфликтите, според агнцијата, се главните причини за гладувањето во сиромашните земји.