Њујорк: Денеска средба Бранко Црвенковски-Метју Нимиц

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска на маргините на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк ќе се сретне со Метју Нимиц посредникот во разговорите со Грција околу спорот со името. Тој и шефот на дипломатијата Антионио Милошоски остварија повеќе средби со шефови на држави и министри за надворешни работи.