Ватикан: Папата повтори дека неговиот говор во Германија бил погрешно разбран

Папата Бенедикт 16-ти изјави дека неговиот говор во Германија, во кој цитираше средновековен византиски император, бил погрешно разбран. Во обраќањето од катедралата Свети Петар Папата изјави дека немал намера да го критикува исламот туку да промовира дијалог меѓу религиите. Како што е познато, говорот на Папата во Германија предизвика протести во многу мислимански држави.